Тројцата млади тенори од триото „Ил Воло“, со песната „Голема љубов“ („Grande amore“), победија на 65-то издание на Фестивалот на италијанската канцона во Сан Ремо.
Во финалето на овогодишното Сан Ремо учествуваа 20 интерпретатри, а победникот беше избран преку телефонско гласање.
Малика Ајан ја доби наградата на професионалните критичари, а за најдобар дебитант беше прогласен Џовани Какамо.
Со победета на Сан Ремо, „Ил Воло“ се стекнаа со право да ја претставуваат Италија на овогодишниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај во Виена.