Манекенката Синди Крафорд неодамна беше вистинска сензација поради објавата на необработените фотографии во долна облека на која беа видливи сите нејзини “недосатоци“.
Како што наведува уредничкиот тим на магазинот “Marie Claire”, фотографијата на Синди Крафорд е од мексиканското издание и таа необработена верзија не требала да се појави во јавноста.
Сепак, фотографијата буквално ја запали интернет мрежата, а телото на 48-годишната Синди наиде на безброј пофални зборови.
Thx @marieclaire for quoting me re:Cindy Crawford. Pic was leaked. Still FAB http://t.co/hbzJ3Z8wjB via @BillieLiving pic.twitter.com/sESmkFVMG9
— Charlene White (@CharleneWhite) February 13, 2015
Воедно и сопругот на манекенката на својот Instagram профил објави фотографија од својата сопруга како лежи покрај базенот во костим за капење, на која може да видиме дека нејзината кожа е во беспрекорна состојба.
Feb 14, 2015 at 6:00pm PST