Македонски пејач денеска преживеал вистинска трагикомична драма. Имено, пејачот решил да се качи во градски автобус после подолго време, но возењето за брзо време се претворило во непријатно и малку засрамувачко искуство откако бил фатен без карта.
Сепак, виновен за тоа не бил пејачот, туку возачот на автобусот кој не му дозволил да си купи карта и сакал да го почести со бесплатно возење затоа што многу убаво пее. Станува збор за пејачот Александар Тарабунов.
-Нема полошо, после 100 години се качив во автобус да идам на проба за вечерашниот концерт, влегувам и прашувам дали овој автобус оди до таму кај што треба да стигнам и возачот ми вели- влези. Јас, извинете колку треба, возачот-седи за добри пејачи не треба карта. Седам се возам, влага контрола, ми вика дечко карта, ме гледа нервозно, јас им викам шоферот ме честеше, како бе шоферот те честеше, така оди прашај го, се договорија со колегата и решија да го казнат шоферот на двокатната седмица”, стои во статусот на пејачот преку кој го опишал ова непријатно и збунувачко искуство