Секојдневната грижа на кожата не е нешто комплицирано. Тоа е обврска која трае нешто помалку од 15 минути, а се практикува наутро и навечер.
Ако ги тргнеме настрана маските за лице, масажата, специјалните третмани, секојдневната нега се состои од 3 чекори:
ЧИСТЕЊЕ
Преку чистењето се ослободувате од нечистотијата, порите може да дишат бидејќи паѓа и вишокот маснотија од лицето, го поттикнува регенеративниот процес на клетките. Чистете го нежно бидејќи студот е доволен за да ја влоши ситуацијата.
ТОНИЗИРАЊЕ
Со памукче поминете го лицето со тоник. Користете соодветен за вашата кожа, а ако имате акни, купете специјално наменет за проблемот. Тоникот ќе ги исчисти нечистотиите длабоко навлезени во порите кои не паѓаат со вода и ќе ги затвори за да не се полнат со ѓубре.
ХИДРАТАЦИЈА
Лицето има потреба од константна влага, особено во овој период. Бидејќи студеното време ги суши кожата и усните, потребен ви е погуст крем кој длабоко ќе продре во кожата и ќе ја заштити од временските услови.
И зимските услови ги налагаат истите правила. Ладно ви е, сакате да се миете со жешка вода, но така ризикувате бактериите да се размножат и да се појават акни. Водата мора да биде млака. Избегнувајте го ладниот ветер и сувиот студ и не заборавајте на кремот со фактор.