На забавата на „Венити фер” организирана на Беверли Хилс по повод доделување на Оскарите Бехати Принслу беше во центарот на вниманието.
Нежната тоалета открила премногу, но судејќи по насмевката од манекенката, нејзе ништо не можело да и го расипе расположението.
Залудно Бехати со изборот на тоалета постигнала вистински моден погодок, залудно имала беспрекорна фризура, накит и одлично вклопени детали. Кога фотографите ги здогледале нејзините гради, се паднало во втор план.
Нејзините гради станале ѕвезди на вечерта, а Бехати вешто нашла излез од ова непријатна ситуација.