Ќерката на српската пејачка Весна Змијанац, Николија Јовановиќ и нејзиното момче, раперот Релја Поповиќ ја информираа јавноста преку социјалните медиуми дека го изгубиле бебето.
Членот на групата „Елитни одреди“ на својот профил на Фејсбук објавил статус преку кој ги известил своите обожаватели дека за жал го изгубиле нивното бебе.
– Драги пријатели, не сакам никого да оптоварувам со својот приватен живот, но за да ги спречам медиумските приказни, сакам да ве известам дека денес Николија и јас дознавме дека таа го изгуби нашето бебе – напиша Релја на својот статус.
Оваа вест ја потврдила и мајката на Николија, Весна Змијанац која изјавила дека е во шок поради оваа загуба.