Доколку сакате да добиете стегнат задник како на Beyonce не ви треба многу напор. Доволно е само да одвоите време и секојдневно да ги применувате следните четири вежби.
ПРВА ВЕЖБА
Застанете со споени нозе. Изнесете ја едната нога напред, свиткајте ги двете нозе во колената и клекнете – што подолу, толку подобро. Направете 3 серии од 20 клекнувања, па потоа сменете ја ногата.
ВТОРА ВЕЖБА
Спојте ги нозете. Едната нога поставете ја на страна со прстите вперени напред и пробајте да го виткате коленото на другата нога колку што можете повеќе. Направете 3 серии од 20 повторувања. Сменете нога.
ТРЕТА ВЕЖБА
Легнете на грб, ставете ги нозете на топка и подигнувајте се со колковите. Додека ги држите нозете горе, пробајте да ја повлечете топката накај вас и повторно да ја вратите. Направете 3 серии со 20 повторувања. Внимавајте само колковите да не се спуштаат надолу.
ЧЕТВРТТА ВЕЖБА
Седнете со колената свиткани на страна. Кренете ја едната нога 20 пати, држете ја горе 10 секунди и потоа повторете 10 пати. Сменете ја страната и повторете ја истата вежба.