Ова е само најава за она што допрва го подготвува Бојан, а ќе се појави некаде кон крајот на пролетта.
– Се одлучив за оваа песна затоа што е една од најубавите кои сум ги слушнал во мојот живот. Песната е веќе долго време на врвот на светските топ-листи, а сметам ѝ дека заслужува со оглед на одличниот текст. Пред да се одлучам да ја снимам оваа нумера се консултирав и со неколку мои колеги, кои само ми дадоа зелено светло да седнам во студио и да направам кавер-верзија на истата. Сакам да им се заблагодарам и на екипата од моето „Маало“ од Кичево, каде го снимавме ова видео. Се надвам дека ќе ви се допадне – вели Дамјаноски.
Песната е инаку снимена во студиото на „Тhe Next Level Production – TNL“ на Христијан Ѓоргиевски. За придружните вокали се погрижи Симона Стојковска, додека тапаните се на Оливер Стојкоски, а за бас-гитарата беше задолжен Ѓоко Срезоски. Како режисер на видеото се потпишува Марио Манески.
Подобра од оригиналот: Слушнете ја кавер-верзијата на “Тhinking Out Loud” на Бојан Дамјаноски
Спонзорирани линкови
Младиот пејач Бојан Дамјаноски или како што публиката го памети како еден од членовите на дуото “Line Out” направи одлична кавер-верзија на светскиот мегахит “Тhinking Out Loud” на Ед Ширан.
Сподели на: