Наши манекенки кои заминуваат на работа во Дубаи и Катар заработуваат како ескорт дами или куртизанки за богатите шеици.
Нашинец кој неодамна се врати од патување во Дубаи, за порталот „Либертас“ вели дека се сретнал со многу скопјанки кои преку агенции за посредување за работа заминале на печалба во овие богати земји.
Тој вели дека се изненадил кога една наша манекенка дошла во хотелот во кој престојувал облечена во скапа брендирана гардероба и возела мерцедес кабриолет.
Таа во доверба му рекла дека дошла да работи како модел, но кога и понудиле да биде куртизанка за голема сума пари веднаш прифатила.
Манекенката потоа му раскажала дека многу Македонки кои дошле во Дубаи заработувале многу како ескорт дами, но најмногу заработувале оние кои парадирале во луксузните хотели во Катар.
Девојките биле платени од час или биле најмувани за цела вечер.