Салса составот „Тумбао Салса Бенд” деновиве напорно вежба за двата концерти кои ги очекуваат на 04 и 05.03 во Универзална сала во Скопје.
Секојдневните проби се само доказ дека сериозно ја сфатија задачата два дена по ред на Скопје да му приредат незаборавно кубанско доживување.
Спремни се и гостите кои доаѓаат од далечната Куба- составот Азафран Микс.
Картите за овие два концерти може да ги набавите по цена од 350 денари на касата во Универзална Сала и во Југотон ГТЦ, Дежа Ву Капитол, а онлајн на веб страната MkTickets.mk.
“Среќата со пари не се купува”, „Фато Мори Душманке”, „Рандеву”, „Македонско девојче” се само дел од песните кои во среда и четврток ќе не разиграат во Универзална Сала. И токму поради динамичноста на музиката и позитивната атмосфера, Тумбао Салса Бенд решија партерот пред бина да биде за играње, наместо класичните места за седење.
Бидете и вие дел од незаборавното кубанско доживување!