Ким Кардашијан и Каније Вест не сакале да ја пропуштат Модната недела во Париз, која започна пред два дена. Парот пошол во Франција и приредил големо изненадување – Ким е русокоса!
Тие на париската модна недела се појавиле со платинесто руса коса. Фановите веднаш реагираа и ги споредија со ликот од Господар на прстените, Леголас, но и со Драко Мелфој од Хари Потер.
Сигурни сме дека на нејзиниот сопруг и тоа како му се допаѓа нејзината промена, затоа што повеќе пати истакнал како таа најмногу му се допаѓа како плавуша.