На телевизиското шоу гледачите за свој фаворит го избраа блуз-пејачот Андреас Кумерт, кој пак на големо изненадување својата титула и ја предаде на 24-годишната пејачка Ане Софи – јавува Дојче Веле.
Имено Андреас Кумерт успеа да се пласира во финалето и покрај треската и грипот но на големо изненадување тој не сакаше даја прими наградата. Публиката реагираше на неговата одлука со свирежи додека водителката се обиде да го предомисли Кумерт. Меѓутоа тој остана цврсто на својот став и својата титула и ја предаде на пејачката Ан Софи, која се натпреваруваше со него во финалето – објави Дојче Веле.
Потоа без никаква консултација со телевизиското раководство водителката ја прогласи очигледно несигурната Ане Софи за победничка на вечерта и ја најави уште еднаш нејзината победничка песна.
Инаку вечерта беше зачинета со најразличен избор на нумери наменети за сечиј вкус: од наивен фолк-поп па сé до минималистички електро-поп звуци.