Употребата на овошје и зеленчук во летните денови ни овозможува прочистување на организмот и хранење со витамини и минерали. Овошјата и зеленчукот со портокалова боја ни овозможуваат правилно сончање и заштита на кожата од штетните сончеви зраци.
Таквите продукти се полни со каротeн, а особено со бета-каротeн, состојки кои ни се најмногу потребни за заштита на кожата од УВ зраците и од стареење.
ДИЊА
Дињата содржи витамин А, Б, Ц, калиум, фосфор, магнезиум и калциум. Таа го јакне имунитетот и помага при зголемено појавување на акни. Се препорачува по 1 парче диња, 2 пати неделно, особено за дијабетичарите.
МОРКОВ
Морковот изобилува со бета-каротен. Треба да се јаде само свеж за да се зачуваат сите хранливи состојки. Оние кои сакаат да добијат боја, а притоа да ја зачуваат здравата и убава кожа, се препорачува 2 месеци пред одмор редовно да се јаде морков.
КАЈСИЈА
Кајсијата содржи витамин Ц, Б комплекс, бета-каротен, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, и железо. Особено се препорачува на луѓето со срцеви заболувања. Кајсијата го зајакнува организмот и го брани од инфекции, ги зајакнува забите и коските и го подобруваат видот. Треба да се консумира пред оброк. Идеална количина дневно се 3 до 4 кајсии.
МАНГО
Мангото содржи калиум, бакар, витамин А, Ц, Е, Б и К, кој е корисен за згуснување на крвта. Исто така содржи и линолова киселина што е важна за функцијата на лојните жлезди.
ТИКВА
Тиквата е идеална храна за сите оние кои сакаат да ослабат. Таа содржи 90% вода, а маснотии нема. Богата е со витамин Ц, Б1, Б2, Б3, Б6, А, калиум, калциум, фосфор и железо. Семките од тиквата содржат билни хормони кои делуваат против бенигното зголемување на простатата и против болките во мочниот меур.
ПРАСКА
Праската е богата со каротен, витамин А, Б, Ц, калиум, фосфор, магнезиум, натриум и калциум. Спаѓа во ретките овошја кои содржат селен. За позитивно влијание врз здравјето се препорачува дневно да се јадат по 2 праски, но не треба да се готват, пржат, печат или пасираат, туку треба да се консумираат свежи.