Пивскиот фестивал кој требаше да трае шест дена го откри изненадувањето за своите посетители- Пиволенд вечерва чести уште една вечер. На најпознатиот фестивал на пивото кој оваа година го прославува јубилејниот 10-ти роденден,вечерва (недела) ќе настапат Елвис Блуз Трио, Рингтонс и за крај македонскиот шоумен Игор Џамбазов.
Деновите кои изминаа поминаа одлично. Скопје докажа дека знае да се забавува и на сред лето, а пивото беше одлично освежување во летните жешки денови. Иако температурите го надминуваа 40-от степен, Скопското Кале се покажа како идеална локација за разладување. Шест дена, посетителите до последно место ја наполнија скопската тврдина, а вечерва е подарок за сите љубители на пивото и добрата музика.
Последниот фестивалски ден започнува во 20:00 часот.