Поп-пејачот Јоце Панов неодамна го сними својот нов сингл насловен „Брига ме “ на кој соработуива со македонскиот принц на трубата Џамбо Агушев.
Јоце е познат по тоа што за своите песни се труди да соработува со најдобрите композитори, текстописци, продуценти и музичари, па соработката со Џамбо беше неминовна.
Новата песна „Брига ме” е направена на српски јазик, а наскоро се очекува да добие и македонска верзија. Двете верзии ќе добијат и спотови.
На новиот албум на Јоце, на кој ќе се најде и овој сингл, ќе доминираат балканските инструменти и мелодиски линии. Целиот албум ќе има боемска нота, а песните ќе можат да се изведуваат во секакви пригоди.
На новиот сингл на Јоце преовладуваат труби, па соработката со Џамбо беше неминовна, бидејќи тој е наш најпознат трубач со интернационална кариера.