Иако веќе е во четвртата деценија од животот поп пејачката Емина Јаховиќ Сандал не престанува да не изненадува со своето еластично и извајано тело.
Како што самата вели, нејзината фигура е комбинација од добри гени и повеќегодишно вежбање, како и здрава и редовна исхрана.
Убавата пејачка на своите фанови им посака „Добро утро“ со фотографија од фитнес центарот, каде повторно ги презентира своите спортски вештини.