Во земјата од која потекнува таткото на најславната американска старлета Ким Кардашијан, Ерменија, таа и нејзиниот сопруг беа пречекани како кралско семејство – пренесуваат светските медиуми.
Ким, нејзиниот сопруг Канје Вест, нивната ќерка Норт Вест и помладата сестра на старлетата, Клое Кардашијан, деновиве ќе престојуваат во Еременија, земјата од која потекнува Роберт Кардашијан кој почина во 2003 година.
Девојки облечени во традиционални носии при пристигнувањето на семејството Кардашијан за добредојде им понудиле леб и сол. Собраната маса на обожаватели ги поздравувала на секој чекор американските ѕвезди со комплименти на сметка на убавината на Ким.
Клое пред да замине во хотелот на својот профил на Инстаграм објави фотографија под која напишала:
„Љубовта и добредојдето во Ерменија се неверојатни. Со полно срце не можам да верувам колку од вас стојат пред хотелот со цвеќе и насмевки. Сакам што побргу да заспијам за да ја видам Еременија дење. Толку сум возбудена што не занм дали ќе заспијам“.