1. Разместете ги следните букви за да добиете име на едно живо суштество:
БРИНО
2. Четири мажи можат да направат 4 чамци за 4 дена. Колку време му е потребно на еден човек да направи чамец?
3. Тестирајте си ја меморијата: 3 мажи и нивните сопруги и 1 вдовец тргнале со автомобил на излет.
Откако поминале 4,8 километри, виделе 2 мажи и дете во еден автомобил кој се расипал покрај патот.
Тоа е лоша среќа, рекол еден од мажите. Во 13 часот конечно стигнале до местото каде се упатиле, а таму виделе само еден домар и неговиот син.
Веднаш почнале да го делат и јадат ручекот кој се состоел со сендвичи, овошје и торти.
Прашање: Колку луѓе се спомнати во текстот?
Одговорете без да се враќате нагоре во текстот.
4. Што е потешко, млекото или шлагот?
5. Ако часовникот застанува по 1 минута на секои 10 минути, колку време ќе и треба на стрелката за минути да направи полн час?