– До тој ден немав многу пари, но она малку вишок што го имав, обично околу 500. долари месечно, го заштедував и инвестирав. Една вечер се најавив на мојата брокерска корисничка сметка и видов она што никогаш порано не го видов, износ од милион долари.
– Можеби некои очекуваат, кога ќе ги здогледам тие пари да започнам со славење, да отворам шампањ, да паѓаат конфети. Можам да ви кажам што се случи, помислив и си реков “Ох, одлично” и се вратив на работа. Мојот финансиски пресврт го направи мојата прва вложена илјадарка. Тоа значеше дека моите инвестиции можат да донесат 10.000, 20.000 и така натаму.
Ризикот е нормален и секогаш постои
– Во пвоеќе наврати губев многу пари на пазарот. На пример, пред економската криза во 2008 година, имав 175.000 долари, а после девет месеци 120.000 долари. Кога се случи тоа, изгледа страшно, мислите дека никогаш нема да ги вратите тие пари.
– Доколку дозволите стравот да ве обземе, тогаш на некој начин сте го направиле погрешниот избор. Ризикот е нормален, а најлошиот можен резултат од тој ризик е да се откажете кога е најтешко. Во текот на рецесијата, поединци не советуваа да вложуваме во сигурно. Оние кои послушааа, мислејќи дека така ќе заштедат за своја пензија, испадна дека грешат.
– Доколку сте во истата ситуација, тогаш ова е најбрзиот начин да дојдете до милион, да ја намалите потрошувачката и да ги зголемите приходите. Тоа се двете работи над кои вие самите имате контрола. И тоа е една од тајните на милионерите.
Она што е најважно, научив дека парите се неограничени
– Еден од начините да ја намалите потрошувачката е да најдете помал стан во кој ќе живеете, да користите градски превоз, а својот автомобил да го продадете, и да направите план како да пронајдете работа која ќе ви донесе повеќе пари.
– И доколку ова ви изгледа досадно, доколку барем еден месец се обидете да ги пресметате своите расходи и приходи, ви гарантирам дека ќе научите многу за вашите финансии. Знам дека сум среќен што себе си можам да се наречам милионер, бидејќи тоа ми овозможува живот, каков што пред неколку години, не можев ниту да сонував.
– Не морам да се грижам околу работата, дали ќе добијам отказ, ќе ја нарушам политиката на компанијата. Доколку сакам да работам, можам да изберам работа која што ќе ме збогати. Она што е најважно, научив дека парите се неограничени. Доколку работам повеќе, ќе имам и повеќе, и од еден милион, ќе добијам два. А секогаш постои можност за повеќе.