Познатата хрватска манекенка Нина Мориќ (38) која долги години живее и работи во Италија во саботата се обидела да си го одземе животот – пишува alo.rs повикувајќи се на италијански медиуми.
Контроверзната манекенка си ги пресекла вените, а била пронајдена од нејзината мајка која веднаш повикала брза помош и Нина била превезена во една болница во Милано.
– Вистина е, Нина се обиде да се самоубие. Станува збор за завера, некој што сакал да и наштети се обидел да ја наведе да си го одземе животот – изјавило момчето на манекенката, 27-годишниот Луиџи Марио Фаволосо.
Во последните неколку дена се пишувало дека манекенката и нејзиното момче чекале бебе.
Ова не е прв обид на Мориќ да се самоубие. Таа во 2009 година проголтала десетина таблети за смирување и завршила во болница.