Во петок (24 април) со почеток во 21 часот на Скопски саем пионерите на рапот во Македонија, САФ, сега пензионирани рапери, ќе одржат концерт по повод 15 години од издавањето на албумот “Сафизам”.
Концертот првично беше закажан за во МКЦ. Но, поради огромниот интерес е преместен во Скопски саем.
Од САФ најавуват дека гостите ќе ги почастат со една меѓусебна концертна дружба само за вистинските фанови на добрата Хипхоп музика од сите генерации. Овој семинар на Хипхопот има за цел да одбелжи еден клучен момент во македонската музичка сцена а тоа е издавањето на албумот „Сафизам”.
Културолошки, музички, метафизички албумот ја претсавуваше македонската хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат.
„Сафизам” е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и водено еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат.
– Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна ќе се собереме во полн состав да ја презентираме формулата за правење вистински Хипхоп:
1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи – велат од САФ.
Локацијата и времето веќе ви се познати, 24. април на Скопски Саем.
Карти во претпродажба во 1/2 Југотон и мрежата на купикартизасе низ државата по цена од 250ден., а на денот на концерот 300 ден.
Резервации на коњопој на тел. 078266156