Холивудскиот глумец, Леонардо Дикаприо направил профил на друштвената мрежа „Тиндер“ која е наменета за запознавање на партнер.
Четириесетгодишниот глумец, кој во минатото се забавуваше со супермодели и глумци како Жизели Буншем, Бар Рафаели, Блејк Лајвли, отворил профил на „Тиндер“ потпишан како Леонард.
А како што пренесуваат американските медиуми, Леонардо Дикаприо не е единствената позната личност која користи сајт за запознавање на партнер. Исто така, како пишуваат, глумецот е просто „опседнат“ со овој сајт и секојдневно го користи, но сеуште нема закажано ниту еден состанок со потенцијалната партнерка.