Читателите на машкото списание “FHM” ја прогласија 28-годишната Мишел Киган, англиска актерка и манекенка, за најсексипилна жена во 2015 година.
Повеќе од еден милион припадници на посилниот пол гласале за Мишел, минатогодинешната вицешампионка, истакнале уредниците на списанието.
Својата актерска кариера ја започнала со улога во сапуницата “Coronation”. Мишел неодамна се појави во драмата на Би Би Си “Ordinary Lies”. Во првите пет на листата се уште и Кендал Џенет, актерката Џенифер Лоренс, Манекенката Кејт Аптон и Каролина Флек.
Интересно е што на листата Ријана се најде на 23. место, Бијонсе на 19., а Кети Пери на 25. место.