Солзи ги наполниа очите на најубавата жена на светот, а сопругот не е баш многу заинтересиран за сето тоа?!
За прв пат по филмот во кој се запознаа, „Господин и Госпоѓа Смит“, заеднички проект на познатата холивудска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит е филмот „By The Sea“.
Планетарно познатата брачна двојка ги здружи силите и филмските сцени ги снимија на Малта, и иако се уште не е излезен ни трејлерот за филмот, веќе се зборува за номинација за Оскар.
– Филмот зборува за приказна за нарушениот однос на еден пар по загубата на блиско лице, за љубовта и патот до закрепнување. Ми беше чест да ја истражувам таа човечка страна и да се работи со таква добра екипа на луѓе – рече Џоли во официјалната изјава.