Викторија Бекам е најлошиот гостин во хотелите, вистинска ноќна мора, велат сопствениците на хотелите каде таа престојувала. Тие истакнуваат дека таа е премногу пробирлива и тешка жена…
Сопственик на хотел во Напа откри што се му подготвила славната Пош кога престојувала во неговиот хотел.
-Секој пат кога ќе ја напуштеше собата, што беше неброено пати во текот на еден ден, таа бараше да и се промени постелнината и се одново и одново да се исчисти – вели хотелиерот.
Тој истакна дека Викторија, сепак, не го добила третманот што го барала.
-Одбивме да и излеземе во пресрет на барањата. Таа истиот момент ги спакува коферите и со семејството го напушти хотелот.
Тврдењата на овој сопственик на хотел се најдоа на една интернет страница, а Викторија најави тужба против хотелот.