Секоја година од нашиот живот не учи на нови правила и мудрости. Млади сте, паметни, полни со елан и голем број на можности пред вас. Можеби ви недостасува животно искуство, но не сте единствени. Поставете си цели и внимателно работете за да ги остварите! Еве неколку женски заповеди кои ќе ви помогнат ви животот.
1. Никогаш не се расправај со идиот – тој ќе те спушти да паднеш на негово ниво а потоа ќе те победи со своето искуство.
2. Никогаш не гаѓај некој со нечисти работи. До него можеби нема да стигнат но на вашите раце ќе останат.
3. Никогаш не се сомневај во својата привлечност. Запомни: Вагата лаже, луѓето завидуваат, а огледалото е тотално искривено.
4. Не ги барајте оние кои не ве бараат и не ги чекајте оние кои не ве чекаат.
5. Ако некој ти рече дека твојот воз поминал покажи им дека постојат авиони и бродови.
6. Запомни, добрите работи почнуваат да се случуваат кога ќе се одалечиш од негативните луѓе.
7. Наместо да ги бришеш солзите од очите, избриши ги луѓето од твојот живот кои те натерале да плачеш. Не дозволувај постапките на другите да го нарушат твојот внатрешен мир.
8. Никогаш не гледај наназад – таму е постојано едно исто без промени. Уживај во животот!
9. Никогаш не се споредувај со другите. Не споредувај: здравје, партнерот, децата или платата.
10. Доколку на својот пат не сретнете некој еднаков или подобар од вас, продолжете по патот сами. Нема пријателство со будали личности. Одбери ги вистинските личности во твојот живот од самиот почеток.