38-годишната Кора Шумахер пред еден месец се раздели со 39-годишниот Ралф Шумахер, а разводот го прослави со фотографирање за германското издание на Playboy.
Кога, ако не сега? Тоа е како лек за мојата душа, додека стојам пред новата фаза во животот – рекла Кора.
Понуди добивала и претходно, но на Ралф не му кажувала ништо.
Парот бил во брак 13 и пол години, а една од причините поради која се разделиле е фактот што Ралф повеќе од времето минувал со својот брат Михаел.
Покрај тоа што се соблекла за списанието, Кора ги зголемила и своите гради, пишува германски Bild. Изгледа дека ова е шок за нејзиниот поранешен сопруг Ралф. Нивниот 13-годишен син Давид ќе продолжи да живее со својата мајка.