Во хотелскиот комплекс “San Alfonso del Mar” во Чиле, се наоѓа најголемиот базен во светот. Оваа вештачка лагуна содржи кристално чиста сина вода, која достигнува длабочина од дури 35 метри а во лето температурата достигнува 26 степени Целзиусови, што е за девет степени потопло отколку во морето.
Ова неодоливо синило долго 1.013 метри се простира на површина од осум хектари, а во него се наоѓаат неверојатни 66 милиони галони вода, што е околу 250.000 метри кубни.
Оваа вештачка лагуна содржи кристално чиста сина вода, која достигнува длабочина од дури 35 метри. Во лето температурата достигнува 26 степени Целзиусови, што е за девет степени потопло отколку во морето.
За да се пополни овој базен целосно, неговите проектанти развиле иновативна технологија, односно филтер кој константно ја прочистува морската вода. Овој рај бил граден пет години, а за неговата изградба биле потрошени 2,5 милиони евра.