На финалето на „Идол“ Џенифер Лопез била почесна гостинка. Таа се појавила во црн фустан со чипка со кој го привлекла вниманието.
Но, фотографиите направени на црвениот тепих од блиску, покажуваат дека пејачката, која е во петтата деценија од животот, полека ја стигнуваат годините.
Една од најубавите жени на планетата, на чија фигура и беспрекорната кондиција можат да и позавидат многу помлади колешки, во средата се појавила во Долби театарот во Холивуд на финалната емисија на познатото шоу.
Елегантна, а истовремено и секси, Џенифер Лопез и во 46-тата година краде воздишки. Но, кога ќе ја погледнете од блиску, под професионалната шминка која лицето и го доведува до совршенство, се крие нешто друго.