Британските новини овие денови пренесоа информации дека следната генерација на Мицубиши “pajero” на пазарот пристигнува 2017 година.
Магазинот Аутокар наведува неколку извори блиски на Мицубиши кои тврдат дека “pajero” ке остане право 4×4 утилитарно возило.Мегутоа информациите кои се пласираат не се воодушевувачки затоа што “pajero” стилската идеја ке ја превземе од “GC-PHEV” концептот но воедно ке остане аутентичен теренец без непотребни детали.
Како што се наведува во соопштението на изворот “pajero” ке биде по пристапна опција од Lend Rover “defender”,а исто така и потрошувачката ке му биде значително подобрена поради плуг-ин хибридниот систем.Од Мицубиши признаваат дека многу конкуренти на “pajero” се поубави и рефинирани но дека правите љубители на теренското возење ке ги ценат неговите предности.