Еколошката куќа “Primeval Symbiosis” (Исконска Симбоза) е изградена на четири ката, која со својот облик подсеќа на елка и е наменета за љубителите на природа, кои имаат желба да живеат далеку од град.
Архитектот на овој прекрасен проект кој има за цел повторно поврзување на човекот и природата е данскиот студент Конард Војцик.
– Човекот успеал со 200.000 години присуство на земјата да уништи, тоа што природата го создавала стотици милијарди години – вели архитектот на оваа еколошка куќа.
Во куќата можат да живеат четири личности. Ѕидовите се потполно покриени со соларни панели, со што се овозможува значајна заштеда на енергија.
Конструкцијата е во целост од дрво, опремена со природен систем за ладење и има можност за снабдување на биогас. Гасот се прави од метан и ферментационално органски животински материи во отсуство на киселини.
Ваков еколошки механизам направен е по примерот на функционирањето на дрвата, кои во принцип се хранат од својата околина, а за возврат не ја загадуваат.
Куќата има површина од 61 метар квадратен и може потполно да биде рециклирана кога ќе и истече рокот на траење.