Ви здодеа вашата рамна коса и сакате да го промените секојдневниот изглед, но немате многу време? Направете си совршени летни локни на кои што никој нема да може да оддолее само со помош на преса за само неколку минути.
Локните како заштитен знак за оваа сезона ќе го оплеменат изгледот на секоја девојка, пружајќи шармантен и нежен изглед. Доколку ги сакате на својата коса, ви предлагаме едноставен трик како да изгледаат совршено, без притоа да вложите премногу напор.
Потребни ви се само неколку минути, преса, лак за коса и да ги погледнете упатствата во видео туторијалот во продолжение.