Нашиот млад пејач, Давид Темелков, кој со својот настап успеа да ја расплаче неговата менторка Александра Ковач, животот му го промениле тешки несреќи.
„Првиот пат ја излажав смртта кога на мене падна прозорец додека вежбав во теретана. Стаклото ми ја исече раката на три милиметри од главниот нерв кој ја поврзува раката со мозокот“, раскажува Давид.
Давид ја доживеал втората несреќа веднаш после „буткамп“ фазата, кога се вратил во Македонија.
„Тогаш имав сообраќајна несреќа. Додека се возев со такси, на нас налета автомобил кој возеше со 200 километри на час. Не се сеќавам на ништо, но ми велат дека сум ги извлекувал и возачот и таксистот од автомобилите во пламен“, вели пејачот.
Давид се здобил со потрес на мозокот, но несреќата, не била со тешки последици. Интересно е тоа што, непосредно пред тоа на социјалните мрежи објавил фотографија од својот идол, Тоше Проески, кој во 2007 година загина во сообраќајна несреќа.
„И во буткампот добив негова песна. Сето тоа го сфаќам како знак и тогаш одлучив дека морам да се занимавам со она за што сум предодреден, а тоа е низ пеењето на публиката да и ја пренесам својата емоција“, заклучува Давид.
Давид веќе ја добил и првата работна понуда. Имено, текстописецот Огнен Неделковски кој е автор на песната „Тајно моја“ на Тоше Проески, му ветил дека ќе му напише песна.
Погледнете ја неговата изведба на „Тајно моја“: