Наградуваната телевизиска серија „Свита“ (Entourage) со оригинална актерска екипа, сега доби и своја кино верзија!
Дали некогаш сте се возеле со лимузина низ Сансет Булевар и сте наишле на црвен тепих полн со најголемите филмски ѕвезди кои пристигнуваат на премиера? Дали сте присуствувале на спонтана забава на плажа во Малибу, каде сонцето вечно грее и коктелите не престануваат? Дали сте добиле најдобра маса во најпопуларниот ресторан без резервација?
И цело време каде и да одите најубавите старлети се на вашата маса? Сите го сонуваат холивудскиот сон но Винс, Ерик, Драма, Тртл и Ари Голд го живеат. Момците од „Свита“ знаат како тоа да го постигнат и како да сонуваат на големо и да живеат уште поголем живот. Сценаристот, режисер и продуцент Даг Елин, автор на ХБО сериите на кој се темели приказната, знаел дека филмот ќе биде уште поуспешен од серијата: „Иако серијата беше големо шоу, снимана на многу локации, сакав филм кој ќе го подигне сето тоа на повисоко ниво.
Гламурозни јахти, хеликоптери, куќи и прекрасни локации ни помогнаа да го постигнеме тоа што го посакувавме.“ Стивен Спилберг се враќа како извршен продуцент на долгоочекуваното продолжение. Приказната на филмот се одвива 22 години по случувања во „Паркот Јура“. Сега, на островот Нублар, се наоѓа вистински тематски парк посветен на диносаурусите со име „Светот Јура“, точно онаков каков што Џон Хамонд првично и го замислуваше. Но, ниту пак оваа атракција е сосема безопасна.
Добродојдовте во овој луксузен парк каде илјадници гости се воодушевуваат на најголемите и најинтересни праисториски животни. Паркот се наоѓа на отокот недалеку од Костарика и е најсовременото чудо на технологијата исполнето со атракции кои ги оствааат посетителите без здив. Децата можат да јаваат минијатурни трицептопси; гостите можат да се воодушевуваат на мозаурот кој излегува од длабочината на базенот кој вивнувајќи се во воздухот го јаде мамецот од голема бела ајкула која виси; фрапираните родители можат со сигурност да ги проучуваат диносаурусите од сите големини и облици кои слободно шетаат.
Паркот Јура пристигна во кината во 1993 година и остави незаборавна трага на гледачите ширум светот. Ги остави без здив, прашувајќи се: „Дали ова нависнина може да се случи“? Откако сними уште два филма сместени во истиот свет, Спилберг се сврте кон други проекти, но никогаш не заборави на оваа приказна. Со помошта на талентираните сценаристи замислувал како би изгледа паркот, конципиран пред дваесет и две години, доколку тој е навистина изграден.
Наскоро тој ги здружува силите заедно со Френк Маршал, еден од најуспешните продуцнети на денешницата а воедно и негов долгогодишен пријател, и со искусниот продуцент Патрик Краули. Македонската публика ќе има можност премиерно да го погледне од 11 јуни, на еден ден пред закажаните проекции во САД само ви кино салите на Cineplexx.