Манекенката Тајла Новели одлучила да го сподели своето непријатно искуство со светот и на тој начин да ја предупреди модната индустрија на дизајнерот Сарџ Хоуранис.
Таа сведочи дека Хоуранис за време на снимањето повеќе пати сексуално ги вознемирувал манекенките со кои соработува.
Фејсбук страницата “Say NO to Sanija Fashion”, е основана на социјалната мрежа пред неколку дена, и преку која манекенката Тајла Новели ги предупредува своите колешки да не соработуваат со австралискиот дизајнер.
Таа за „Дејли мејл“ раскажала дека дизајнерот еднаш и` рекол дека „изгледа како ку*ва“ и дека „никој нема да ја сфати сериозно како манекенка“.
Имено, нејзината исповед ги поттикнала и останатите манекенки да ги пренесат своите негативни искуства со дизајнерот.
На Фејсбук страната и другите манекенки да ги раскажат своите искуства со дизајнерот Сарџ, за кој тврдат дека ги одвел на снимање во костими са капење и им ветувал гламурозна облека и фотографии, а потоа непримерно ги допирал и ги навредувал на полова основа.
Набрзо се дознало дека двете манекенки не се единствени и дека всушност има многу луѓе во модната индустрија кои се однесуваат така.
Покрај тоа на страницата се прикачени и фотографии на кои дизајнерот непримерно ги допира манекенките додека им ги мести костимите за капење за време на снимањето на плажа ги добила од анонимни девојки, па за да го заштити нивниот идентитет ги сокрила нивните лица.