Славната пејачка Емина Јаховиќ има нова, прилично голема тетоважа на раката, во облик на повеќе кругови.
Имено, на раката и се нацртани повеќе кругови, а во центарот е испишано „happy“. Над круговите пишува „на што треба да се фокусирате“, па очигледно е дека Емина решила да се фокусира на среќа.
Никаде не е наведено дали се работи за трајна или за привремена тетоважа, но на фановите секако им се допадна!