Влажен, во тесни фармерки и голо торзо, синот на славниот американски актер и режисер Клинт Иствуд, Скот Иствуд уште еднаш покажа зошто важи за еден од најзгодните ергени во Холивид.
29. годишниот актер и модел ги покажа сите свои атрибути на Хаваите , на снимањето на рекламата за парфемот Cool Water како замена за трагично починатиот актер, Пол Вокер кој загина во сообраќајна несреќа во 2013 година.
– Голем љубител сум на океанот. Нуркам, сурфам и одам на риболов – откри згодниот актер.
Тој се присети и на својот колега Пол вокер за кој откри дека биле добри пријатели.
– Ми беше како брат. Веруваше во ова и не го ставаше своето име на производ само поради парите. И тој го обожуваше океанот, изјави Иствуд.