Откако подолго време не се појавуваше на јавни настани, американската актерка Мег Рајан синоќа беше забележана на Модната недела во Париз.
Актерката пред два дена била на една модна ревија во склоп на Модната недела во Париз, а присутните одвај ја препознале.
Лицето на Мег е подуено и поинакво од минатата година.
Светските медиуми шпекулираат дека Мег по хируршки пат повторно ги подигnала веѓите, а и дека нејзиниот нос е поинаков. Се чини како часовникот да запрел за неа, бидејќи нема ниту една брчка на лицето. Како сè уште да е во своите 30-ти години.