Ники Хилтон, сестрата на славната богаташка Парис, по втор пат го изговори судбоносното „да“, откако првиот брак и траеше само три месеци.
Нејзиниот сопруг Џејмс Ротшилд е член на најбогатото банкарско семејство во Европа и упатените тврдат дека е уште поарогантен од својата сопруга и нејзината сестра Парис.
На венчавката Ники носеше венчаница вредна 77.000 долари од атељето на Валентино, а обувки од Кристијан Лобутин.