Емили Ратајковски стана позната благодарение на нејзиното тело кое го покажа во спотот на Робин Тике и Фарел Вилијамс за песната „Blurred Lines“. Секако оваа убавица ја користи секоја прилика да го покаже своето змиско тело.
24-годишната манекенка, која уште е позната и по улогата во филмот „Gone Girl“ реши да ги награди следачите на Инстаграм.
Таа прикачила две фотографии на својот профил, а на нив позира во краток црн фустан.Фустанот има длабоко деколте, па нејзините занесни гради доаѓаат до израз.Со фустанот облекла сандали со крем-црна боја и со интересен дизајн.