Иако успеала за четири месеци да ослаби 4 килограми, а обемот на струкот да го намали за 7 сантиметри, англиската актерка и модел вели дека не сака да биде слаба.
И покрај тоа што целиот свет и завидува на раскошните облини и фигурата на песочен часовник, Кели Брук претходните години не била толку дисциплинирана кога исхраната е во прашање.
За повторно да ја доведе линијата во ред, 35 годишната манекенка почнала да вежба редовно, дури 5 пати неделно и го промени начинот на исхрана.
– Си ги сакам облините, сакам да имам атлетска градба и да бидам силна. Не сакам да бидам слаба – отркива Кели.
Кога нејзиниот тренинг е во прашање, Кели признава дека многу време поминува во теретана и дека неколку пати неделно вежба со тегови. Кога сака да се одмори, манекенката најчесто бира базен и пливање.