Саша Ковачевиќ заедно со својата девојка Јована уживаат на море, а дека им е многу забавно зборува и фотографијата која пејачот ја постави на социјалните мрежи.
Имено, популарниот пејач објави фотографија на која Јована дреми наслонета на масата, додека покрај неа се наоѓа шише со пиво, па изгледа како да се опила: „И после води ја девојката на море“, напиша Саша низ шала.
Јована исто така ја прифати шегата и додаде коментар: „Хахахаха колку си само безобразен!!! Го користите мојот умор за да правите забава“, напиша таа со хаштаг: „#neizazivajme“.
I posle vodi devojku na more… 😨☺ #supermanstyle #drunk #fakeworking
Posted by SASHA KOVACEVIC on Sunday, 12 July 2015