Познатиот американски рапер 50 Cent кој се прослави со планетарниот хит „In da club“, во понеделникот покрена постапка на банкрот, пријавувајќи долг кој се движи од 10 до 50 милиони долари.
Адвокатите на раперот покренале постапка во судот во Хартфорд под неговото вистинско име Куртис Џејмс Џекосон Трети.
Постапката е покрената три дена откако судото во Менхетен пресудил дека 40-годишниот пејач мора да плати 5 милиони долари отштета на жената која го тужела поради снимката со сексот која ја објавил без нејзина дозвола на интернет во 2009 година.
Инаку, 50 Cent продал повеќе од 30 милиони албуми и освоил „Греми“ награда во 2010 година.