Ликот Роки Балбоа му го промени животот на актерот Силвестер Сталоне, кој бил на работ на егзистенцијата, па морал да го продаде своето куче, за да си купи храна. Неговата потресна животна приказна го шокираше светот.
Во некои моменти бил толку без пари, што украл накит од својата сопруга и го продал. Ситуацијата била толку лоша што завршил како бездомник. Спиел на њујоршката автобуска станица три дена, не можел да си плати кирија, ниту да купи храна. Најтешкиот момент во животот било кога се обидел да го продаде своето куче бидејќи немал пари за да го храни своето куче. Го продал за 25 долари. Потоа си заминал плачејќи.
Две недели подоцна го видел боксерскиот меч помеѓу Мухамед Али и Чак Вепнер, што го инспирирало да го напише сценариото за славниот филм „Роки“. Го напишал сценариото за 20 часа. Се обидел да го продаде и добил понуда од 125.000 долари за него. Но имал еден услов. Сакал да ја игра главната улога во филмот. Сакал да биде Роки. Условотот бил одбиен од продукцијата.
– Ми рекоа дека изгледам и зборувам смешно.
Си заминал заедно со своето сценарио. Неколку недели подоцна му понудиле 250.000 долари за сценариото и одбил. Му понудиле 350.000 долари и повторно одбил. Тие го сакале неговиот филм, ама не и него.
После некое време од студиото попуштиле, му дале 35.000 долари и му дозволиле да игра во филмот. Филмот освои три Оскари, за најдобар филм, за најдобра режија и најдобра монтажа. Бил номиниран дури и за најдобар актер. Филмот „Роки“ дури се најде и во Американскиот национален регистар на филмови како еден од најдобрите на сите времиња.
И знаете ли што прво купил Сталоне кога добил пари?
Кучето кое го продал. Сталоне толку го сакал своето куче, што три дена стоел пред продавницата во која го продал, чекајќи го човекот на кој го продал. Третиот ден го видел како доаѓа со неговото куче. Му објаснил зошто го продал своето куче и го замолил да му го врати и му понудил 100 долари. Мажот одбил. Му понудил 500 долари. Мажот пак одбил. Одбил и 1000 долари. Сталоне најпосле морал да плати 15 000 долари за кучето кое го продал за 25 долари, но конечно го добил назад.
Денес е тој истиот Сталоне кој спиел на улица и го продавал своето куче бидејќи не можел да го храни, една од најголемите филмски ѕвезди.