Доколку ви се пријаде нешто слатко, а сѐ што ви останало дома е само малку сладолед на дното на кутијата, еве решение.
Сѐ што треба да направите е да го пресипете истопениот сладолед во огноотпорен сад, потоа да додадете малку брашно.
Кога сето тоа добро ќе го изматите, ставете го во микробранова печка или во рерна на неколку минути за да се малку запече.
Вашата сладолед торта е спремна. Пријатно!