Атрактивната тенисерка, победничката на Вимблдон, Серена Вилијамс неодамна во едно интервју изјавила дека многу спортистки се многу витки и дека поради своите облини не знаела како да се носи со тоа.
33-годишната тенисерка има мускулесто тело кое на многумина не им изгледа многу женствено, па поради тоа честопати ја критикуваат.
Сепак Серена неодамна изјавила дека го сака своето тело и своите облини, а со позирањето во костим за капење сакала да им одговори на злите коментари на социјалните мрежи во кои била споредувана со маж.
Серена е првата црномуреста спортистка која во април оваа година се најде на насловната страница на магазинот „Вог“.