Да се избегне притисокот на модерното општество и целата технологија, која наместо да ги зближува ги оддалечува, е авантурата која ќе го смени животот на три семејства кои се одлучуваат да започнат поедноставен живот во природа.
Не само што ќе се решат да се ослободат од нивните смартфони, туку и од сите благодети на модерниот живот како струја и питка вода. Причините за ваквата одлука се различни кај секој од нив. Некои сакаат повеќе време да си посветуваат едни на други, други да си го спасат бракот, а трети трагаат за поздрав начин на живот.
Пакувајќи го животот во неколку куфери и збогувањето со блиските, тие си го менуваат животот во живот каде самоодржливостта е филозофија. Дали новиот начин на живот, предизвиците со кои ќе се соочат ќе ги зближи или ќе се покаже за преголем залак, може да проследите на TLC во серијалот ,,Потполн ризик” кој започнува од 27 јули во 21 часот.