Потребната нега на вашето лице можете на наједноставе и најевтин начин да ја постигнете со користење на маски од сокови од овошје и зеленчук.
На чиста и сува кожа се става мал слој на свеж сок од овошје или зеленчук. Кога ќе се исуши, се става ноќна хранлива крема на целото лице и вратот, врз него се става газа намокрена во остатокот од сокот, а одозгора се покрива со фротир крпа.
По 20 минути маската се мие со преварена вода, а кожата на лицето и вратот се мачка со вообичаената крема.
Изборот на зеленчукот или овошјето зависи од видот на кожата, но делумно и од ефектите што сакаме да ги постигнеме.
- Сокот од јагоди, вишни, лимон и портокал ја освежуваат кожата и ја прават сјајна.
- Сокот од морков го намалува перутењето.
- Сокот од праски ја смирува воспалената кожа.
- Ако овошјето и зеленчукот содржи многу скроб или пектин, подготвената каша или пире се става на чиста кожа во подебел слој. Таквата маска може да се припреми од банани, јаболка, но и од компир во сиров или варен облик.
- Со одличен ефект се маските од разни видови житарици и пченка. Ако маските од житарици се подготвуваат во варна вода или млеко, ќе се постигне ефект на хидратација или враќање на влага на исушениот епидерм. Доколку на пченичните клици или пченкарното брашно им се додаде белка од јајце и ги вадите со триење со газа, се постигнува забрзано лупење на рожнатиот слој на епидермот на кожата, посебно на нечистите пори.