Еднаш кога ќе го пробате овој домашен сладолед, повеќе никогаш нема да фрлате пари на готови сладоледи.
Кој вели дека не може да се јаде сладолед за доручек?
Доколку го припремите на овој начин, ќе добиете здраво и многу вкусно утринско ледено освежување, без трошка додатен шеќер, што е совршен начин да го започнете својот работен или неработен ден.
За да го направите овој супер-здрав сладолед потребни ви се банана, јогурт и малку бадеми, лешници или ореви.
Погледнете го видеото за да видете како се прави овој сладолед и уживајте!