Двајцата најдобри другари добиле наредба од полицијата во Будва во рок од 24 часа да ја напуштат Црна Гора поради големите проблеми кои постојано ги правеле во ноќните клубови низ Будва.
Истите лица две ноќи по ред биле главните актери во инцидентите кои се случувале во една позната дискотека во Будва.
По приведувањето во полицијата биле сослушувани, не од инспектори за јавен ред и мир, туку овластени лица за општ криминал, каде им било соопштено дека безбедноста им е загрозена и мора веднаш да ја напуштат државата.